Општи податоци (надлежности и историјат) [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Општи податоци (надлежности и историјат)

ИСТОРИЈАТ НА РЕПУБЛИЧКИОТ СУДСКИ СОВЕТ

Од донесувањето на Законот за РСС во 1992 година, па се до денес функционирале три состави на Републичкиот судски совет.

Првиот состав е избран на 26.01.1994 година со мандат од 6 години, до 03.02.2000 година. Членови на тој состав се: Тихомир Велковски (претседател од 04.02.1994 до 04.02.1997 година), Мугбил Бејзат (претседател од 04.02.1997 до 03.02.2000 година), Вера Терзиева Тројачанец, д-р Осман кадриу, д-р Љупчо Арнаудовски, Василије Ристовски, Никола Крстески и Рафил Черепналкоски.

Вториот состав на Републичкиот судски совет е избран на 03.02.2000 година. Членови на вториот состав се Рафаил Черепналкоски (претседател од 07.02.2000 до 02.02.2001 година). Јордан Дескоски (претседател од 02.02.2001 до 23.09.2003 година), д-р Кирил Чавдар, Благородна Дулиќ, Махмут Јусуфи, Мустафа Дардхишта, Стојанче Рибарев и Томислав Стојановски.

Третиот состав на Советот е избран на 23.09.2003 година. За членови на Советот избрани се Ленче Софрониевска (претседател од 22.10.2003 година), Абдулселам Канзоски, м-р Југослав Миленковиќ, Мустафа Дардхишта, Ангел Солев, Симеон Никодиновски и Ментор Ќоку.

 

НАДЛЕЖНОСТИ НА ССРМ

Советот е надлежен:

  • да ги избира и разрешува судиите;
  • да ги избира и разрешува претседателите на судовите;
  • да утврдува престанок на судиската функција;
  • да избира и разрешува судии поротници;
  • да ја следи и оценува работата на судиите;
  • да одлучува за дисциплинска одговорност на судиите;
  • да утврдува нестручно и несовесно вршење на судиската функција;
  • да утврдува престанок на судиска функција поради трајна неспособност за работа на судија;
  • да одлучува за одземање на имунитет на судија;
  • да одлучува по барање за одобрување на притвор на судија;
  • да предлага двајца судии на Уставниот суд на Република Македонија од редот на судиите;
  • да го разгледува годишниот извештај на Врховниот суд на Република Македонија за утврдените начелни ставови и начелни правни мислења по прашања од значење на обезбедување на единство во примена на законите;
  • да одлучува за времено отстранување на судија од вршење на судиска функција;
  • да го утврдува бројот на потребните судиски места по судови;
  • да ги разгледува и оценува тримесечните и годишните извештаи за работа на судовите;
  • да се грижи за угледот на судиите и довербата на граѓаните кон судството;
  • да поднесува извештај за работата;
  • да донесе деловник и други општи акти со кои ги уредува работите од својата надлежност;
  • да утврдува ориентационен број на предмети што треба да ги реши судијата месечно и
  • да врши и други работи утврдени со закон.

 

Избор на судии
Разрешување на судии

Најнови вести


Сите вести