Стручна служба [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Стручни служби

СТРУЧНА СЛУЖБА

Со Стручната служба раководи Генерален секретар.
Советот донесува акти за внатрешна организација и систематизација на работните места.


Претседателот на Судскиот совет на Република Македонија го назначува Генералниот секретар од редот на административните службеници од категоријата Б односно од редот на раководните вработени, а согласно Законот за административни службеници.

ВНАТРЕШНА ОРГАНИЗАЦИЈА НА СТРУЧНАТА СЛУЖБА НА СУДСКИОТ СОВЕТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Внатрешната организација на Судскиот совет на Република Македонија е утврдена во согласност со надлежностите на Советот, утврдени во Законот за судскиот совет на Република Македонија.

Со внатрешната организација на Советот утврдена со овој Правилник се обезбедува:

  • Законито, стручно, одговорно, ефикасно и рационално вршење на работите и задачите;
  • независност и одговорност при вршењето на задачите;
  • успешно и квалитетно раководење на стручната служба на Советот.

Во зависност од видот, обемот, степенот на сложеноста на работата, како и нивната меѓусебна поврзаност и сродност, одговорност и другите услови за успешно функционирање на стручната служба на Советот се образуваат следниве организациски облици:

(1) Сектор за анализа и информативно документациони работи, со три одделенија:

  • Oдделение за студиско аналитички работи
  • Oдделение за информативно документациони работи
  • Oдделение за меѓународна соработка

(2) Сектор за кадровски и материјално финансиски работи, со две одделенија:

  • Одделение за управување со човечки ресурси и други административно технички работи
  • Одделение за финансиско – материјално работење

(3) Сектор за судски буџет со две одделенија:

  • Одделение за финансиски и правни прашања
  • Одделение за инвестиции и јавни набавки

(4) Сектор за внатрешна ревизија со две одделенија:

  • Одделение за ревизија на регуларност и финансиска ревизија
  • Одделение за ревизија на системите на внатрешна контрола

Со Стручната сслужба на Советот раководи Генералниот секретар на Советот.
Со секторите раководат раководители на сектори, а со одделенијата раководат раководители на одделенија.

Заради ефикасно работење и целосно остварување на работите и задачите на стручната служба на Советот, се формира стручен колегиум на Стручната служба на Советот, кој го сочинуваат:

  • Генералниот секретар
  • Државните советници
  • Раководителите на секторите

Согласно Правилникот за систематизација на работните места во Стручната служба на Судскиот совет на Република Македонија, главните групи на работи и задачи што се извршуваат во Стручната служба на Советот се:

  • студиско – аналитички;
  • информативно документациони;
  • оперативно технички;
  • стручно – административни.

Најнови вести


Сите вести