Внатрешна организација [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Внатрешна организација

                                                                                                                                            Су-04.бр.0101-17/15

 

Претседателот на Управен суд, Јетмире Ајдини Бошњаку, согласно со член 88 став 1 од Законот за судовите („Службен весник на Република Македонија“ бр.58/2006, 35/2008 и 150/2010), член 142 од Законот за судска служба („Службен весник на Република Македонија“ бр.43/2014), на ден 27.01.2015 година, го донесе следниот:

 

 

 

П Р А В И Л Н И К

за внатрешна организација на Управен суд

 

 

ОСНОВНИ ОДРЕДБИ

 

 

Член 1

 

Со овој Правилник се уредува внатрешната организација на работните места во Управен суд во зависност од надлежноста утврдена со закон, групирањето на работите и задачите според видот, обемот и сложеноста.

 

Член 2

 

Со внатрешната организација утврдена со овој Правилник се обезбедува законито, стручно, ефикасно, независно, одговорно и рационално вршење на работите и задачите.

 

Член 3

 

            Управниот суд го претставува претседателот на Судот, кој ја организира работата и презема мерки заради навремено и уредно вршење на работите во Судот.

 

            Со судската служба во Управен суд раководи судскиот администратор.

Член 4

 

Работите и работните задачи на судските службеници и другите вработени во судската служба се извршуваат во следните организациони единици:

 

 

I. СТРУЧНО - ПРАВНА СЛУЖБА

 

II. ПОМОШНО - СТРУЧНА СЛУЖБА

 

III. ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ

 

IV. ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ИНФОРМАТИКА

 

V. ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ФИНАНСИСКО И МАТЕРИЈАЛНО РАБОТЕЊЕ

 

VI. Канцеларија за односи со јавноста

 

VII.ТЕХНИЧКА СЛУЖБА

 

   

I.  СТРУЧНО - ПРАВНА СЛУЖБА

 

- стручно - правната служба, како организациона единица, се формира во рамките на судската служба, ги опфаќа раководните и стручните судски службеници од категоријата Б и В и во неа се вршат организациони и оперативни работи поврзани со работите што произлегуваат од работењето на овие службеници.

 

            Одделението за човечки ресурси, одделението за информатика и одделението за финансиско и материјално работење функционираат како посебни организациони единици, а се во состав на оваа служба.

 

            Со стручно - правната служба раководи раководител на стручно -правна служба, кој ја организира, насочува и координира работата во службата. 

 

 

II. ПОМОШНО - СТРУЧНА СЛУЖБА

 

- помошно - стручната служба, како организациона единица, се формира во рамките на судската служба, ги опфаќа помошно стручните судски службеници од категоријата Г и во неа се вршат организациони и оперативни работи поврзани со работите што произлегуваат од работењето на овие службеници.

 

            Во рамките на помошно - стручната служба функционираат судската писарница, писарницата за прием  и дактило бирото, што се составен дел на оваа служба.

 

Со помошно - стручната служба раководи раководител на помошно-стручна служба, кој ја организира, насочува и координира работата во службата. 

 

 

III. ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ

 

- во одделението за човечки ресурси се вршат стручни и административни работи во врска со остварување на правата и обврските на вработените во Управен суд од областа на работните односи.

 

Со одделението за човечки ресурси раководи раководител на одделение за човечки ресурси, кој ја организира и  координира работата од областа на човечките ресурси и врши непосредна контрола и надзор над извршување на работите во одделението.

 

IV. ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ИНФОРМАТИКА

 

- одделението за информатика е организациона единица во која се вршат стручно-оперативни работи во врска со информатичко-технолошкиот и компјутерскиот систем во Судот, во однос на неговата примена, одржување и развој.

 

            Со одделението за информатика раководи раководител на одделение за информатика, кој ја организира и  координира работата и ги распоредува работите и задачите на вработените во рамките на одделението.

 

 

V. ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ФИНАНСИСКО И МАТЕРИЈАЛНО РАБОТЕЊЕ

 

- одделението за финансиско и материјално работење е организациона единица во која се вршат финансиско–материјалните работи во Управен суд.

 

            Со одделението за финансиско и материјално работење раководи раководител на одделение за финансиско и материјално работење, кој ја организира и координира работата и ги распоредува работите и задачите на вработените во рамките на одделението.

 

 

VI. Канцеларија за односи со јавноста

 

- во канцеларијата за односи со јавност се даваат информации на заинтересираните лица во врска со работата и начинот на постапување на Управниот суд и на нивно барање се издаваат копии, односно електронски записи на анонимизирани судски одлуки објавени на интернет страната на Судот.

За вршење на работите во оваа организациона единица, со одлука на претседателот на Судот, се определуваат одговорни лица за односи со јавност.

 

 

VII. ТЕХНИЧКА СЛУЖБА

 

- во Управен суд се формира техничка служба која ги опфаќа вработените во Судот кои немаат статус на судски службеници и тоа оператор на телефонска централа, хаус - мајстор, работник во бифе, хигиеничар и возач, кои ги вршат работите согласно со описот во Правилникот за систематизација на работните места.

 

 

Член 5

 

            Во Управен суд се организира:

 

 

СУДСКА ПОЛИЦИЈА

 

Судската полиција ги обезбедува објектите, имотот и лицата и го одржува редот во Судот.

 

Со судската полиција раководи претседателот на Судот.

 

Со судската полиција, според насоките и упатствата на претседателот на Судот, непосредно командува командир на судската полиција, а го заменува заменик командир на судска полиција.

 

 

ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

 

Член 6

 

Со овој Правилник престанува да важи Правилникот за внатрешна организација на Управен суд, Су.бр.01-187/11 од 01.04.2011 година и Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за внатрешна организација на Управен суд, Су.бр.01-448/14 од 11.03.2014 година.

 

Член  7

 

Овој Правилник влегува во сила и ќе започне да се применува по добивањето согласност од Министерството за информатичко општество и администрација и Советот на судска служба.

 

 

                                                                           Претседател на УправЕн суд

                                                                                Јетмире Ајдини Бошњаку

 

Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_

Најнови вести


Сите вести