Членови на Судски Совет на РСМ
Членови на Судски Совет на РМ
Членовите на Советот во вршењето на функцијата член на Советот се еднакви во правата и обврските.
Член на Советот ги има следниве права, обврски и одговорности:
- учествува во работата и во одлучувањето на Советот;
- дава иницијативи, предлози и мислења по прашања од надлежност на Советот;
- учествува во работата на работните тела на Советот во кој е избран;
- по заклучок на Советот остварува увид во работата на судија и презема други дејствија и за тоа му поднесува извештај на Советот;
- одговорен е за повреда на Уставот и закон во врска со вршење на функцијата во Советот и
- врши и други работи определени со овој закон.
Престанок на мандат на член на Советот
На член на Советот му престанува мандатот:
• со истекот на времето за кое е избран;
• по негово барање;
• ако е разрешен од судиската функција согласно со закон;
• ако е осуден со правосилна судска пресуда за кривично дело злоупотреба на службена должност и овластување во вршење на функцијата или друго кривично дело на безусловна казна затвор од најмалку шест месеци што го прави недостоен за вршење на функцијата член на Советот;
• ако на член на Советот му се утврди трајна неспособност за вршење на функцијата и
• ако е избран на друга јавна функција или професија.
Весна Дамева
Весна Дамева

Образование:
Дипломирала на 18.04.2002 година на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје. Правосуден испит положила на 18.10.2004 година. Магистрант е по кривично право на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје.
Работно искуство:
Целото работно искуство го има стекнато во Основен кривичен суд Скопје (претходно Основен суд Скопје 1 Скопје), каде е вработена од Октомври 2002 година, најпрво како приправник, а потоа како стручен соработник. Во текот на својата работа била распоредувана во повеќе одделенија на судот, а одреден период била и стручен соработник на претседателот на судот, овластено лице за постапување по претставки и поплаки и овластено лице за посредување со информации од јавен карактер.
Обуки и тренинзи:
Во текот на работењето, континуирано го надградувала своето знаење преку учество и посета на стручни обуки и тренинзи од различни области меѓу кои и дел oрганизирани во соработка со ОБСЕ и ОПДАТ, со проектот CARDS 2004, со проект финансиран од ЕУ, Европската комисија преку TAIEX и други, а активно учество земала и на сесии органзирани за измени на закони, како КЗ, ЗКП, Закон за судска служба.
На ден 12.12.2019 година е избрана за член на Судскиот совет на Република Северна Македонија по предлог на претседателот на државата, а функцијата започна да ја обавува на 27.12.2019 година.
На ден 5.12.2022 година е избрана за претседател на Судски совет на РСМ.
Статусна позиција:
Член на Судски совет на Република Северна Македонија.
Ивица Николовски
Ивица Николовски

Образование:
Дипломирал на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во 1997 година.
Правосудниот испит го положил во 2000 година.
Магистирал Деловно право на Универзитетот „Американ колеџ“ Скопје во 2015 година.
Работно искуство:
1997, волонтер во Основен суд Тетово.
1998-2000, правник во Основен суд Тетово.
2000-2003, стручен соработник во Основен суд Тетово.
2003-2005, советник во Министерство за правда на РСМ, Сектор за превенција на криминалот и спречување на корупција.
2005, Советник во Државна комисија за спречување на корупција, Одделение за спречување на корупција.
2006, Раководител на Оддел во Државна комисија за спречување на корупција.
2006- 2014, Судија на Основен суд Тетово-трговгски оддел-стечај.
2014, со одлука на Судскиот совет на РСМ времено упатен на извршување на судиската должност во Основен кривичен суд Скопје.
2016-2017, со одлука на Судскиот совет на РСМ времено упатен на извршување на судиската должност во Основен граѓански суд, распореден во граѓанскиот оддел и постапувал по предметите заведени во уписник ТС и СТ.
2017-2021, со одлука на Судскиот совет на РСМ распореден во Основниот суд Тетово во Трговскиот оддел.
2021-2022, со одлука на Судскиот совет времено упатен на извршување на судиската должност во Основниот кривичен суд Скопје.
На 15.09.2022 година избран за член на Судски совет на РСМ
Статусна позиција:
Член на Судски совет на РСМ
Објавени трудови и активности:
Во текот на своето работење континуирано учестувал на многубројни семинари и работилници организирани од страна на Академијата за обука на судии и јавни обвинители, Здружение на судии, Комората за стечајни управници и сл., при што се стекнал со повеќе сертификати од трговска, граѓанска и кривична област.
2003, Извршен семинар за правни и етички грижи во јавните агенции при Министерство за одбрана на САД.
2005, Сертификат за посетена обука за организиран криминал при Полициска академија Скопје.
2007, Сертификат на тема Етика , Раководење со предмети, Трговско право, Право на Европска Унија при Академијата за судии и јавни обвинители.
2013, Сертификат за завршена обука Предистражна постапка, Истражна постапка (Закон за Кривична постапка) при Академијата за судии и јавни обвинители.
2014, Сертификат за завршена обука главна расправа и посебни постапки.
м-р Тања Чачарова-Илиевска
м-р Тања Чачарова-Илиевска

Образование:
1990 година
- Дипломирала на Универзитет Кирил и Методиј – Скопје на наставата од студиите на Правосудната насока на Правниот факултет во Скопје;
1993 година
- Положила правосудниот испит;
2018 година
- Завршила постипломски студии – втор циклус академски студии по деловно право на Универзитет АМЕРИКАН КОЛЕЏ Скопје, Факултет за правни науки се стекнала со стручен назив: Магистер по правни науки – деловно право.
Работно искуство:
Поголемиот дел од работното искуство го поминала работејќи како правораздавач, почнувајќи како адвокатски приправник од 01.10.1990 до 20.12.1993 година; како адвокатски стручен соработник од 10.02.1994 – 31.10.1994 година и од 1995 година како адвокат во самостојна адвокатска канцеларија со седиште во Скопје, запишана во Именикот на Адвокатска Комора на РМ под реден број 746. При извршување на адвокатската дејност стекнала богато искуство работејќи на предмети од областа на кривичното право, управното право и во најголем дел со предмети се од областа на граѓанското право.
Во периодот од 05.08.2017 до 30.11.2020 година работи како Посебен советник за правда во Канцеларијата на Претседателот на Владата на Република Македонија. Од 01.12.2020 година, до изборот за член на Судскиот совет на Репиблика Северна Македонија (16.12.2021 година), повторно ја врши адвокатската дејност.
Објавени трудови и активности:
ОБУКИ И ТРЕНИНЗИ:
Во текот на работењето континуирано го надградувала своето знаење учествувајќи и посетувајќи обуки, семинари и тренинзи од различни правни области во соработка со Адвокатската комора на Република Северна Македонија, OSCE, АБА РОЛИ, NDI, Американска Адвокатска комора и други. Активно учествувала и во работни групи и на сесии организирани за измени на закони како Закон за медијација, Закон за општата управна постапка, Закон за малолетничката правда, имала активно учество и придонес кон независноста на собраниската служба и подготовка на Законот за изменување и дополнување на Законот за Собранието на Република Македонија.
Статусна позиција:
Член на Судски совет на Република Северна Македонија
Павлина Црвенковска
Павлина Црвенковска

Образование:
Дипломирала на Правен факултет при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје со положен правосуден испит.
Работно искуство:
Од 2006 година до 2020 година работела како судски советник во Апелациниот суд Скопје.
Од 2004 година до 2006 година работела како Државен советник во Влада на Република Северна Македонија.
Од 2002 година до 2004 година работела како Раководител на одделение во Министерството за одбрана на Република Северна Македонија.
Од 1998 година до 2002 година работела како адвокат.
Од 1996 година до 1998 година работела како Генерален секретар на Комора на приватен капитал на Република Северна Македонија.
Од 1992 година до 1996 година работела како соработник во адвокатска канцеларија.
Од 1990 година до 1992 година работела како приправник во Основен кривичен суд Скопје.
На ден 16.12.2020 година е избрана за член на Судски сoвет на РМ.
На ден 28.04.2021 година е избрана за претседател на Судски совет на Република Северна Македонија.
Статусна позиција:
Член на Судскиот совет на Република Северна Македонија.
Мери Радевска
Мери Радевска

Образование:
Правосудниот испит го положила во 1990 година.
Работно искуство:
Од 01.01.1985 до 31.04.1987 година - Правен референт во КПУ Затвор Битола
Од 01.05.1987 до 14.09.1988 година - Раководител на служба во КПУ Затвор Битола
Од 15.09.1988 до 21.01.1996 година - Помошник управител во КПУ Затвор Битола
Од 21.01.1996 до 21.07.1996 година - ВД Управител на КПУ Затвор Битола
На 22.07.1996 година е избрана за судија во Основен суд Битола
Од 12.06.1997 година работи како кривичен судија во Основен суд Битола, претседател на Кривичен оддел, Заменик претседател на судот
Ментор е за кандидатите на Академијата за судии и јавни обвинители
На ден 26.08.2020 година избрана е за член на Судски совет на Република Северна Македонија од редот на судиите од апелационо подрачје Битола.
Статусна позиција:
Член на Судски совет на Република Северна Македонија.
Објавени трудови и активности:
Едукации и семинари :
- Сите семинари и работилници за извршување на санкциите од 1987 до 1997 година, организирани во државата
- Бројни семинари, работилници и обуки од областа на казненото право и кривичната постапка, постапката со деца, организиран криминал, финансиски истраги, комјутерски криминал, броба против корупцијата, трговија со луѓе, етика, говор на омраза, пробација, авторско право и многу други, организирани од Академијата за судии и обвинители, ОБСЕ , ОПТАД, TAIEX и други
- Летна школа на Советот на Европа - Болзано, Италија 2001 година – Правата на малцинставата- Рамковна конвенција за правата на малцинставата и други
- Европска правна академија - Триер, Германија 2008 година - Антидискриминација
- Академија за сидии и јавни обвинители – Љубљана, Словенија 2010 година – Авторско право
- Академија за судии и јавни обвинители – Барцелона, Шпанија 2018 година - Менторирање
м-р Миљазим Мустафа
м-р Миљазим Мустафа

Образование:
Дипломирал во 2004 година на Правен факултет при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје.
Има магистрирано на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје и стекнато звање Магистер по европски студии за интеграција.
Работно искуство:
На 01.02.2005 година е вработен во Владата на Република Македонија.
Од 16.07.2005 до 31.07.2010 година работел во Министерство за одбрана – Сектор за персонални и правни работи.
Од 01.08.2010 до 14.07.2014 година работел во Секретаријатот за спроведување на рамковниот договор при Владата на Република Македонија во својство на државен советник за спроведување на Рамковниот договор.
Од 15.07.2014 до 08.07.2019 година работел во Министерство за правда како државен советник во неколку области, како Европска унија, управно законодавство и меѓународна правна помош.
Од 09.07.2019 е избран како член на Судскиот совет на Република Северна Македонија по предлог на претседателот на државата.
Има положено правосуден, нотарски и медијаторски испит.
На 22.10.2019 година е избран за заменик претседател на Судски совет на Република Северна Македонија
Статусна позиција:
Член на Судски совет на Република Северна Македонија.
Ханиф Зендели
Ханиф Зендели

Образование:
Дипломирал на Правен факултет во Приштина.
Правосудниот испит го положил во 2003 година во Скопје.
Работно искуство:
Прво вработување од 2000 до 2005 година во ДЗГР - Одделение за премер и катастар - Тетово, како правник.
Во 2005 година се вработува во Основен суд Тетово како стручен соработник.
На 20.05.2008 година е избран за судија на Основен суд Скопје 2 Скопје.
На 8.05.2009 година е избран за претседател на Основен суд Тетово.
На 14.05.2013 година е реизбран за претседател на Основен суд Тетово.
На 15.09.2016 година е избран за судија во Апелационен суд Гостивар.
на ден 22.01.2020 година избран е за член на Судски совет на Република Северна Македонија од редот на судиите припадници на заедницата која е повеќе од 20% од населението во Република Северна Македонија.
Статусна позиција:
Заменик претседател на Судски совет на Република Северна Македонија.
м-р Селим Адеми
м-р Селим Адеми

Образование:
Дипломирал во 2000 година на Државниот универзитет во Тетово.
Правосудниот испит го положил во 2011 година во Скопје.
Магистер на Правни науки во 2009 година на Правниот факултет при Универзитетот во Приштина.
Работно искуство:
2003 - 2005 година - Национален Демократски Институт (НДИ).
2005 - 2009 година - Секретар на Општина Гостивар.
2009 – 2010 година - Раководител на Сектор за правно-нормативни работи во администрацијата на Општина Гостивар и Раководител на Одделение за инспекциски надзор во општинската администрација на Општина Гостивар.
01.08.2010– 01.08.2011 година - Државен советник во Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор при Владата на Република Македонија.
01.08.2011– 05.10.2013 година - Државен советник во Министерство за правда.
На ден 05.10.2013 година по предлог на Собрание на Република Македонија е избран за Член на Судски Совет на Република Македонија.
На ден 13.03.2015 година е избран за заменик претседател на Судски совет на Република Македонија, која функција ја обавува до 25.04.2016 година.
На ден 25.04.2019 година е избран за заменик претседател на Судски совет на Република Северна Македонија и функцијата ја обавува до истек на мандатот, односно до 4.10.2019 година.
На ден 12.12.2019 година по предлог на Собрание на Република Северна Македонија е избран повторно за Член на Судски Совет на Република Северна Македонија.
Статусна позиција:
Член на Судскиот совет на Република Северна Македонија.
Лорета Горгиева
Лорета Горгиева

Образование:
Дипломирала на 30.06.1993 година на Правен факултет при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје, а правосудниот испит го положила на 20.10.1999 година.
Работно искуство:
На 07.2.2006 година е избрана за судија во Основен суд Струмица, каде до 2018 година работеше како судија во кривичното одделение.
Од 2010-2014 година е претседател на Подружницата на Здружението на судии на РМ за Основен суд Струмица.
Во 2012 година работи како дел од работната група на Проект ЗСРМ со поддршка Одделот за владеење на правото при Мисијата на ОБСЕ во Скопје.
На ден 18.12.2018 година е избрана за член на Судски совет на РМ.
Статусна позиција:
Член на Судски совет на Република Македонија.
Мирсад Суроји
Мирсад Суроји

Образование:
Дипломирал во 2004 година на Правен факултет – Државен Универзитет во Тетово, а правосудниот испит го положил во 2008 година.
Работно искуство:
Од 2005-2007 година работи како приправник во Основен суд Куманово.
Од 2007-2009 година работи во Општина Куманово – Сектор за даноци и такси – Одделение за утврдување и наплата на данок на промет на наследство и подарок како член на Комисијата.
Од 2009-2012 година работи како судски соработник во Основен суд Куманово.
Во декември 2012 година е избран за судија во Основен суд Куманово – кривичар.
Преку Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ ги има поминато обуките за стручно усовршување во областа во која работи.
Има учествувано на многу други регионални и меѓународни конференции, а исто така бил на студиски престој во Вашингтон ДС и Оклахома во САД организирана од Амбасадата на САД во РСМ.
На ден 18.12.2018 година е избран за член на Судски совет на РМ.
Статусна позиција:
Член на Судски совет на Република Македонија.