Претседател на Судски Совет на РМ [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Претседател на Судски Совет на РМ

Со работата на Советот раководи претседател.
 
Претседателот на Советот се избира од редот на членовите на Советот со мнозинство гласови од вкупниот број членови со тајно гласање.
 
Мандатот на претседателот на Советот трае три години, со право на повторен избор.
 
Советот, по предлог на претседателот на Советот, на истата седница на која се избира и претседател, избира и заменик кој го заменува во негово отсуство.
 
За претседател и заменик претседател на Советот не можат да бидат избрани министерот за правда и претседателот на Врховниот суд на Република Македонија.

 

Претседателот на Советот:

  • го претставува Советот,
  • претседава и раководи со седниците,
  • учествува во работата и во одлучувањето на Советот,
  • ги потпишува одлуките, предлозите, решенијата и другите акти на Советот и се грижи за нивно извршување и
  • се грижи за спроведување на Деловникот на Советот и врши и други работи определени со закон и Деловникот.

 Зоран Караџовски

 Зоран Караџовски

Име и презиме :
Зоран Караџовски
Година на избор:
26.04.2016
Област на која работи судијата:

Образование:

Дипломирал на Правниот факултет во Скопје на 24.09.1992 година.  
 
Правосудниот испит го положил во 1999 година.

Работно искуство:

Од 1997 до 2008 година – Советник во Вишо јавно обвинителство Битола.
 
Во 2008 година избран е за судија на Основен суд Битола, каде работи до 2013 година.
 
На 15.08.2013 година е избран за судија на Апелациониот суд Битола, каде ја обавува функцијата судија до 26.08.2014 година.
 
На 26.08.2014 година е избран за член на Судски совет на Република Македонија од редот на судиите од Апелационо подрачје Битола.

На 26.04.2016 година е избран за Претседател на Судски совет на Република Македонија.

Прва<1>Последна

Најнови вести

  • Соопштение од 282-та седница одржана на ден 19.07.2018 година

    Соопштенија за јавност  | 19.7.2018
    Судскиот совет на Република Македонија известува дека на 282-та седница одржана на ден 19.07.2018 година усвои нов Дневен ред и одлучи за следното... [повеќе]
  • Соопштение за 282-та седница на Судски совет на РМ - 19.07.2018 година

    Соопштенија за јавност  | 18.7.2018
    Седницата ќе се одржи на ден 19.07.2018 година (четврток) со почеток во 10,00 часот во салата на Судскиот совет на Република Македонија со следниот ... [повеќе]
  • Соопштение

    Соопштенија за јавност  | 16.7.2018
    На 16.07.2018 година во просториите на Судски совет на Република Македонија, претседателот на ССРМ Зоран Караџовски и заменик претседателот Шемседин Јусуфи остварија работна средба со делегација предводена од експертот на Совет на Европа Ѓуро Сеса по повод... [повеќе]

Сите вести