Општи податоци (надлежности и историјат) [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Општи податоци (надлежности и историјат)

Надлежност на судот

Управниот суд, заради обезбедување судска заштита на правата и правните интереси на физичките и правните лица и заради обезбедување на законитоста, во управни спорови одлучува за законитоста на актите на органите на државната управа, Владата, други државни органи, општините и градот Скопје, организации утврдени со закон и на правни и други лица во вршење на јавни овластувања (носители на јавни овластувања), кога решаваат за правата и обврските во поединечни управни работи, како и за актите донесени во прекршочна постапка. Конкретно, Управниот суд е надлежен да решава:

 - за законитоста на поединечните акти донесени во изборната постапка и на поединечните акти за избори, именувања и разрешувања на носители на јавни функции, ако тоа е определено со закон, како и за актите за именување, назначување и разрешување на раководни државни службеници, ако поинаку не е определено со закон,

- за законитоста на актите на органите на државната управа, Владата и носителите на јавни овластувања, донесени во форма на пропис, ако тие ги уредуваат поединечните односи,

- за спор што ќе произлезе од спроведувањето и извршувањето на одредбите на концесиските договори, договорите за јавни набавки кои се од јавен интерес и за секој договор во кој една од страните е државен орган, организација со јавни овластувања, јавно претпријатие, општините и градот Скопје, склучен од јавен интерес или заради вршење јавна служба (управен договор),

- против поединечни акти на органите на државната управа, Владата, други државни органи, општините и градот Скопје, организации утврдени со закон и на правни и други лица во вршење на јавни овластувања (носители на јавни овластувања), кога за решавање во втор степен против таквиот акт, не е обезбедена друга правна заштита и

-одлучува за судир на надлежности меѓу органите на Републиката, меѓу општините и градот Скопје, меѓу општините на градот Скопје и по споровите настанати за судир на надлежности меѓу општините и градот Скопје и носителите на јавни овластувања, ако тоа е предвидено со закон, доколку со Уставот или законите не е предвидена поинаква судска заштита.

За извршување на работите од својот делокруг, Управниот суд користи два ката од зградата што се наоѓа на ул. Орце Николов б.б. во Скопје

ИСТОРИЈАТ
Стандардниот пасус Б
Стандардниот пасус В

Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_

Најнови вести

  • СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

    Новости  | 01.11.2018
    Со почеток во 10.30 часот во судница бр.3 ќе одржи усна јавна расправа по тужба на тужителот Спасе Марковиќ од Ресен, заведена под број У-4 бр.481/17 [повеќе]
  • СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

    Новости  | 24.10.2018
    Се известуваат граѓаните дека 25 Октомври 2018 година е Европски ден на граѓанската правда, на кој ден Управниот суд ќе биде отворен за граѓаните, започнувајќи од 07:30 до 15:30 часот. [повеќе]
  • СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

    Новости  | 16.10.2018
    Управниот суд на ден 17.10.2018 година со почеток во 10.30 часот [повеќе]

Сите вести