Слободен пристап до информации [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Слободен пристап до информации

Врз основа на член 8 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Сл. весник на РМ” бр.101/2019) и член 3 од Упатството за начинот и постапката за спроведување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер Вишиот управен Суд ја изготви следната
 
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР

 

                 Листата на информации од јавен карактер на Виш управен Суд ја сочинуваат следните групи на информации:
 
1 Општи информации за судот, општи податоци, надлежности, Годишни и месечни извештаи за работа на судот 3 Судска пракса – одлуки на Вишиот управен суд
2 Судска Власт 4 Контакт информации
 
             Граѓаните на Република Северна Македонија можат да добијат информација од јавен карактер што ја изготвило или со која располага Вишиот управен суд, со пополнување на - Барање за пристап до информации од јавен карактер, кое може да го добијат во архивата на Виш управен суд или да го симнат подолу на линкот.
             
          Барањето за информација може да се достави во писмена форма на адресата на Вишиот управен суд, ул. Никола Парапунов бр. 31, Скопје., или на e-mail: visupravensud@vusskopje.mk 
 
           Граѓаните може да се информираат за сите прашања од нивен интерес што се поврзани со правото на слободен пристап до информации од јавен карактер и на телефон: 02/3061-536.
 
             Вишиот управен суд, согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер за службени лица за посредување со информации од јавен карактер ги определи Ивица Наумоски и Милка Стефановска Трпевска.
 
         Доколку имате некое прашање или ви е потребна соодветна информација, можете да ја искористите контакт формата прикажана подолу.
 
              На Вашето прашање ќе одговориме во најкус можен рок.
 
              Ви благодариме.

 

Поднесени барања и одговори за слободен пристап до информации од јавен карактер во 2024 година

 

Барање за пристап до информации од јавен карактер


 Преземање

Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_

Најнови вести


Сите вести